недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шифрин го израмни рекордот на Стенмарк според победи во Светскиот куп

Шифрин го израмни рекордот на Стенмарк според  победи во Светскиот куп

Со денешниот триумф во трката во велеслалом во Оре, американската скијачка Микела Шифрин дојде до својата 86. победа во Светскиот куп во алпско скијање и со тоа се израмни на врвот на вечната листа со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк

Победата во претпоследната велеслаломска трка во оваа сезона на Шифрин ѝ го донесе и малиот глобус во оваа дисциплина, а вкупно 15. во кариерата.

Американката беше за 64 стотинки побрза од Федерика Брињоне од Италија, додека третото место на денешниот велеслалом го освои Швеѓанката Сара Хектор (+0.92).

Шифрин ќе има шанса да стане апсолутен рекордер според бројот на победи во Светскиот куп веќе утре за кога во шведскиот зимски центар Оре е закажан женскиот слалом.