четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ШОК: Кирјос се повлече од Австралија Опен

ШОК: Кирјос се повлече од Австралија Опен

Тенисерот Ник Кирјос ненадејно се повлече од Австралија Опен. Како што соопшти на вонредната прес-конференција која ја свика, причина за повлекувањето е повреда на коленото.

проблемот со коленото се јавил по хуманитарниот натпревар кој го одигра со Новак Ѓоковиќ.

-Разочаран сум и знам дека ќе сакате да знаете што се случува. Уморен сум од се’, беше брутално по мене, ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и не ми беше лесно, изјави Кирјос.

Како што е објаснето, тенисерот има „благо кинење“ на менискусот и по препорака на докторите се повлекува и заминува на операција, а од терените ќе отсуствува најмалку еден месец.