недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шок на Вимблдон: Елиминиран еден од фаворитите

Шок на Вимблдон: Елиминиран еден од фаворитите

Првите големи изненадувања во овогодинешното издание на „Вимблдон“ се факт. Во првиот ден на Гренд-слем турнирот, Јиржи Весели успеа да го отстрани бр.5 во шемата Александар Зверев, елиминирајќи го со 3:1 во сетови – 4:6, 6:3, 6:2, 7:5.

Зверев беше сметан за еден од фаворитите на турнирот, но на крајот беше принуден рано да си го спакува багажот од „Ол Ингланд Клаб“.

Светскиот број 6, Стефанос Циципас, исто така, беше елиминиран на самиот старт. 20-годишниот грчки тенисер отстапи пред италијанскиот тенисер Томас Фабијано. Стефанос покажа силна психа и спаси два меч топки во тајбрејкот на четвртиот сет, но во крајна сметка, неговиот противник покажа подобра игра и го совлада со 6:4, 3:6, 6:4, 6:7 (8), 6:3.

Следна пречка пред Италијанецот ќе биде Иво Карловиќ (Хрватска). (МИА)