понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Шпанија ја урна Србија во ватерполо, изненадувачки загуби и Унгарија

Шпанија ја урна Србија во ватерполо, изненадувачки загуби и Унгарија

Шпанија ја победи Србија со 13-12 во денешното отворање на ватерполо турнирот на Летните Олимписки Игри, во колото во кое изненадувачки загуби и Унгарија од Грзија со 9-10.

Србија имаше напад барем за реми, откако Шпанците не искористија во последната минута да го решат мечот, но наместо да стигнат до погодок, северните соседи кои се кандидати за медал, лесно ја прокоцкаа шансата, па Шпанците го задржаа водството за на крај да се израдуваат на триумфот, а пресудна беше средината на четвртата четвртина, кога успеаа да дојдат до два гола предност.

Црна Гора со 15-10 ја победи Австралија, а САД со 15-13 славеше над Јапонија, додека Италија беше најубедлива и ја потопи Јужна Африка со триумфот со 21-2.