Шпанските ватерполисти доминираа против Хрватска во второто полуфинале и славеа со убедливи 10-5, по што си закажаа дуел со Италија во финалето на Светското првенство (СП) во Будимпешта.
Хрватите беа немоќни во денешниот меч, а тоа се забележа и во последната четвртина, кога не постигнаа ниту еден гол, а притоа примија дури три погодоци.
Шпанија за титулата ќе се бори против Хрватска, која претходно ја победи Грција со 11-10.