сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Швајцарските тенисерки за првпат станаа светски шампионки

Швајцарските тенисерки за првпат станаа светски шампионки

Швајцарските тенисерки испишаа историја во својата земја и станаа светски тениски шампиони откако го освоија Купот Били Џин Кинг, поранешен Фед Куп.

Швајцарија во финалето славеше победа над Австралија со 2-0. Првиот триумф за новиот шампион го донесе Џил Тајчман, која ја совлада Сторм Сендерс со 2-1 во сетови – 6-3, 4-6, 6-3.

Белинда Бенчиќ ја демонстрираше својата сила против Ајла Томљановиќ и со 6-1, 6-3 донесе историски успех за својата земја. Поради двете победи во сингл мечот во двојки не се одигра.

За швајцарските тенисерки ова е прва титула на ова натпреварување во историјата, по двата порази во финалињата – во 1998 и 2021 година.

За швајцарските тенисерки ова е прва титула на ова натпреварување во историјата, по двата порази во финалињата – во 1998 и 2021 година.