Светската тенисерка број 1,Ига Швјонтек се пласираше во ново финале на Ролан Гарос, победувајќи ја Беатриз Хадад Маја со 6:2 и 7:6(7).
Швјонтек ќе се обиде да ја одбрани титулата во Париз против Чехинката Каролина Мухова, која претходно во три сета ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка.
Мухова, 43 тенисерка во светот, по три часа и 13 минути на големо изненадување ја победи Сабаленка, па во финалето влегува како аутсајдер.