понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Швјонтек против Мухова во финалето на Ролан Гарос во женска конкуренција

Швјонтек против Мухова во финалето на Ролан Гарос во женска конкуренција

Светската тенисерка број 1,Ига Швјонтек се пласираше во ново финале на Ролан Гарос, победувајќи ја Беатриз Хадад Маја со 6:2 и 7:6(7).

Швјонтек ќе се обиде да ја одбрани титулата во Париз против Чехинката Каролина Мухова, која претходно во три сета ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка.

Мухова, 43 тенисерка во светот, по три часа и 13 минути на големо изненадување ја победи Сабаленка, па во финалето влегува како аутсајдер.