Ига Швјонтек го освои ВТА турнир во Штутгарт откако во финалето славеше над Арина Сабаленка од 2-0 во сетови.
Ова беше дуел меѓу двете најдобро рангирани тенисерки на ВТА-листата, во кој Швјонтек само потврди дека е најдобра тенисерка во светот во моментов.
Дуелот траеше еден час и 51 минута, но полската тенисерка стигна до триумф откако подобро ги искористи своите шанси. Првиот брејк беше направен во осмиот гејм, кога Швјонтек го освои сервисот на Сабаленка, поведе со 5-3 и неколку минути подоцна го доби сетот со 6-3.
Белорусинката влезе во криза, а Швјонтек го искористи тоа, направи брејк за рано водство од 1-0 на самиот старт од вториот сет, предност што ја задржи до самиот крај, за конечни 6-4 и нов трофеј во богатата колекција.