петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Сигурен старт на Федерер и Чилиќ на Вимблдон, Векиќ ја декласираше Стивенс

Сигурен старт на Федерер и Чилиќ на Вимблдон, Векиќ ја декласираше Стивенс

Актуелниот шампион на Вимблдон, Роже Федерер, одбраната на титулата ја започна со убедлива победа од 3:0 во сетови против српскиот тенисер Душан Лајовиќ.

Швајцарскиот тенисер покажа доминантна игра на теренот и против Лајовиќ оствари релативно лесна победа.

Одличен старт на Вимблдон имаше и најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ, кој се пласираше во второто коло по победата над јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока.

Чилиќ неодамна ја освои титула во Квинс и со победата од максимални 3:0 во сетови над Нишиока ја потврди одличната форма.

На женскиот дел од турнирот Американката Слоун Стивенс, која пред два месеци играше во финалето од Ролан Гарос, денеска беше декласирана на стартот на Вимблдон од хрватската тенисерка Дона Векиќ со 2:0 во сетови.

МИА