Американските гимнастичарики предводени од брилијантната Симон Бајлс го освоија златниот медал во екипна конкуренција на Светското првенство во Антверпен, Белгија.
Американките со 167.729 поени победија пред Бразилките (165.530) и Французинките (164.064).
САД седми пат по ред победија во екипна конкуренција на планетарниот шампионат, а Бајлс испиша историја освојувајќи го 20. златен медал на светските првенства.
На Олимписките игри и светските првенства таа вкупно има освоено 33 медали, со што стана најдобра на сите времиња.
Бајлс, пред десет години во Антверпен на 16. годишна возраст го освои својот прв медал на Светскиот куп во кариерата.