понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Симона Халеп нема да настапи на Роланд Гарос

Симона Халеп нема да настапи на Роланд Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп нема да може да настапи на вториот грен слем турнир оваа година. Романката се повреди на турнирот во Рим, во мечот против Кербер и поради тоа нема да настапи во Париз.

-За жал, потребно ми е повеќе време да заздравам од повредата. Ова е единствената исправна одлука која морав да ја донесам. Тажна сум што нема да играм во Париз, но ќе се фокусирам да се вратам на терените што е можно побргу, напиша Халеп.

Халеп во 2018 година ја освои титулата, а во 2014 и 2017 година губеше во финалињата. Последниот грен слем што го освои Романката беше во 2019, кога победи на Вимблдон.