петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Симона Халеп падна на допинг тест

Симона Халеп падна на допинг тест

Романската тенисерка Симона Халеп е привремено суспендирана поради допинг, односно во крвта и биле пронајдени недозволени супстанци кои ги дала на анализа за време на последниот грен селм турнир сезонава САД Опен.

Халеп е позитивна на роксадустат кој го стимулира производството на крвни зрнца и хемоглобин, а дополнителен сомнеж за се се продлабочи со одлуката на Романката пред неколку недели да објави дека нејзината сезона е завршена и дека мора да го оперира носот.

Симона Халеп, која е двократната грен слем шампионка веднаш излезе со соопштение во кое истакна дека е во шок и дека ќе се бори да ја докаже својата невиност.