понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Синди Меклафин го сруши сопствениот светски рекорд на 400 метри

Синди Меклафин го сруши сопствениот светски рекорд на 400 метри

Сидни Меклафин од САД го сруши сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки и го освои првото место на Светското првенство во атлетика што се одржува во Јуџин, САД.

Меклафин истрча со време под 51 секунда и го постигна новиот светски рекорд кој сега изнесува 50,68 секунди.

Втора на трката беше Фамке Бол од Холандија, која истрча за време од 52,27 секунди, додека третото место ѝ припадна на Далија Мухамад од САД со 53,13 секунди.

Претходно Меклафин истрча со време од 51.46 за освојување на олимписката титула во Токио, а го собори рекордот по трет пат на овогодинешното американско првенство во Јуџин на 25 јуни, со време од 51.41.