сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Синер го освои првиот Мастерс во кариерата

Синер го освои првиот Мастерс во кариерата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои првата Мастерс титула во кариерата, откако во финалето на турнирот во Торонто го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 6-4, 6-1.

Откако загуби две Мастерс финалиња, Синер победи во третото, освојувајќи ја и осмата титула во кариерата. Де Минор веќе го загуби својот сервис во првиот свој сервис гем, но брзо успеа да возврати.

Италијанецот повторно успеа да му го одземе сервисот, па пак Де Минор се извлече на ист начин за 4-3. Сепак, тогаш Синер ја подигна својата игра на повисоко ниво и ја презеде контролата врз мечот. Со 6-4 го доби првиот сет и стекна значајна психолошка предност пред продолжувањето на мечит.

Во вториот сет Синер ја продолжи одличната игра, освои дури пет врзани гејма, што му овозможи да дојде до недостижна предност. На крајот со убедливи 6-1, Синер го заврши вториот сет и го освои овој престижен турнир.

Турнирот во Торонто се играше за награден фонд од 6,6 милиони долари.