понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Скандал на ЗОИ: Чудото од дете кое пркосеше на гравитацијата Камила Валиева позитивна на допинг тест

Скандал на ЗОИ: Чудото од дете кое пркосеше на гравитацијата Камила Валиева позитивна на допинг тест

Младата руска лизгачка Камила Валиева во понеделникот испиша историја на Олимписките игри како прва, која успеала да направи два четирискока за време на тимскиот натпревар.

Русија го освои златото пред САД и Јапонија, но церемонијата на доделување на медалите не се одржа. Причина за ова е најверојатно позитивниот тест на допинг на Валиева.

Иако засега нема официјална потврда од Интернационалниот олимписки комитет, дел од руските медиуми уште вчера објавија дека Валиева била позитивна на недозволената супстанца триметазадин.

Овој лек се препишува за ангина или болки во градите, па сега не е јасно дали 15-годишната лизгачка имала медицинско оправдание за користење на лекот, кој од 2014 година е на забранетата листа на супстанци на Светската анти-допинг агенција.

Валиева утринава во Пекинг се појави на тренинг, но не сакаше да дава изјава за медиумите и да ги искоментира шпекулациите. ИОК засега останува на својот став дека церемонијата на доделување на медалите во тимското натпреварување не се одржало поради правни проблеми. Според правилата, малолетник кој е позитивен на допинг не смее да биде објавен јавно со име и презиме и треба дозвола од родителите.