Контроверзен момент се случи на синоќешниот полуфинален натпревар од Европското првенство во одбојка кое се одржува во четири држави, но завршницата е во полскиот град Катовице.
Во дуелот меѓу домаќинот и Словенија беше особено драматично, но победија Словенците со 3-1, откако последниот сет го добија со 37-35.
Полјаците два пати преживуваа благодарение на видео-челинџите при што снимките се прегледуваа по 5-6 минути.
Словенците на крајот, сепај, триумфираа, но нивните навивачи открија дека снимката е монтирана за противникот да се спаси од пораз во тие моменти.Инаку, овој меч имаше и своја предигра.
Полскиот селектор, сакајќи да ги омаловажи противниците, пред натпреварот изјави дека не знае кои се тие, а при интонирањето на химната, беше пуштена српската.