Со многу рекорди денеска на улиците на Скопје се трчаше 18. Визер маратон на кој доминираа атлетичарите од Кенија кои ги освоија првите места во двете конкуренции.
Денешниот маратон се трчаше по нова патека која доби сертификат од Светската атлетска федерација што го потврдува квалитетот на овој настан.
Финишот на сите трки беше на плоштадот Македонија а прв низ целта мина Нигериецот Онесмус Киплимо Киплагат со време до 2 часа 18 минути и 19 секунди пред нашиот претставник Дарио Ивановски кој го освои второто место со 5 – минутно задоцнување зад победникот додека успех постигна и Никола Илиевски кој беше
Во женска категорија најдобра беше Кетрин Черотич пред нашата Билјана Кираџиева и Тамара Попов од Србија. Над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот трчаа денеска на улиците на Скопје со поддршка од граѓаните на главниот град како и бројни љубители на спортот