Американската скијачка Линдзи Вон го следеше финалето на УС Опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Порто кое се играше на затворен стадион поради дождот кој врнеше целиот ден.
Скијачката и покрај тоа што немаше сонце никаде не ги симна очилата за сонце од себе.
Сите се прашуваа што се случува со Вон, па дури и еден коментатор на една американска телевизија прокоментирал дека скијачката носи очила за сонце поради тоа што сака да се сокрие и да не привлече внимание меѓу публиката.
Но, сепак напротив, Вон предизвика лавина коментари и написи во медиуми со оваа своја постапка.