Многу луѓе го започнуваат денот со вежбање на јога, па дали некогаш сте се прашале зошто е добро да се занимавате со оваа активност?
Фитнес тренерите ширум светот препорачуваат луѓето на возраст од 19 до 65 години да практикуваат некој вид на физичка активност и тоа најмалку 150 минути неделно.
Тие сметаат дека јогата е најдобар тренинг бидејќи го чува здравјето на срцето. Овие вежби ве ослободуваат од стресот и го намалуваат ризикот од срцев удар.
Истражувањето под назив „Beneficial Effects of Yoga Lifestyle on Reversibility of Ischaemic Heart Disease: Caring Heart Project of international Board of Yoga опфати 113 испитаници кои практикувале јога во период од 1 година и го промениле начинот на исхрана. Кај испитаниците е покажан значителен пад на лошиот холестерол и тоа за 26 проценти.
Јогата го намалува стресот, а општо познато е дека стресот е најголема причина за кардиоваскуларни заболувања.