петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Со скокање јаже до 30 килограми помалку и одлична форма (ВИДЕО)

Со скокање јаже до 30 килограми помалку и одлична форма (ВИДЕО)

Скокањето јаже е потценета вежба, а е еден од најдобрите тренинзи за целото тело.

Ден и Брендон, попознати како Jump Rope Dudes, имаат цел канал на YouTube со милиони претплатници, по светен на скокање јаже и како тоа може да ви помогне да стигнете до одлична форма.

Тие го направија токму тоа. Во новото видео тие открија како почнале и какво е чувството да се симнат 30 килограми благодарение на скокањето јаже.

Приказната звучи прилично познато. Поранешниот фудбалер никогаш не внимавал многу на исхраната, му било важно да биде крупен и силен. Потоа пораснал, се вработил и не можел да најде време за вежбање.

Скокањето јаже се покажало како добар избор. Можел да го стави во торба и да го носи со себе. Резултатите се очигледни. Ослабе 30 килограми и ги изгради стомачните мускули. Ова му помогнало да изгради самодоверба и се чувствува многу подобро отколку на 23 години.

Сите придобивки што ги гледа и чувствува ги припишува на скокањето јаже. Целата приказна можете да ја слушнете во продолжение: