Извршниот комитет на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (ИИХФ) донесе одлука репрезентациите на Франција и Австрија да настапат на местото на Русија и Белорусија на Светското првенство, чиј домаќин од 13 до 29 мај ќе биде Финска.
Франција ќе ја замени Русија во групата А, во која покрај бранителот на титулата Канада, се и репрезентациите на Германија, Швајцарија, Словачка, Данска, Казахстан и Италија.
За Французите ова ќе биде прв настап во Елитната група од 2019 година.Австрија на местото на Белорусија ќе биде сместена во групата Б, заедно со домаќинот Финска, Шведска, САД, Летонија, Норвешка и Велика Британија.
Групата ќе се игра во Хелсинки, а групата Б во Тампере.