понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Спасеновски освои бронза на Европското првенство во Турција

Спасеновски освои бронза на Европското првенство во Турција

Македонскиот каратист Петар Спасеновски се закити со бронзениот медал на Европското првенство во Газијантеп, Турција откако денеска го совлада домашниот натпреварувач Мурат Оз.

Членот на КК Макпетрол до медалот во категоријата до 84 килограми стигна со вкупно четири победи од пет борби. Единствениот негов пораз беше во полуфиналето од Хрватот Енис Гарибовиќ со 0-3.

Македонија може да освои уште еден бронзен медал на континенталниот турнир, бидејќи Вероника Костовска треба да се бори со Французинката Лаура Сиверт.