Србија вторпат по ред е светски шампион во женска одбојка по победата од 3-0 во сетови, односно 26-24, 25-22 и 25-17 против Бразил.
Најдобра во победата на Србија беше одличната капитенка Тијана Бошковиќ со 22 освоени поени, по што следеше Јована Стевановиќ со 11 поени.
Кај Бразилките најефикасни беа Габриела Брага Гимараеш и Лорен Тешеира Гералдо, кои постигнаа по девет поени.
Србинките играат одлично во последните години, па така го освоија Мундијалот во 2018 година, по што една година подоцна се закитија со европско злато, а во 2021 година го освоија бронзениот медал на Олимписките игри.