Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го поминува Божик во хотел со мигранти во нехумани услови. Но, Новак не е сам, тој е придружуван од српскиот народ кој живее во Мелбурн, а многу фанови дојдоа на Божик пред хотелот за да му покажат на Новак дека се со него кога е најтешко и да му го подобрат расположението за Божик.
Навивачите повторно дојдоа облечени во српски знамиња и српски дресови, а овој пат има едно мало изненадување кое сигурно ќе го израдува Новак, а тоа е огромното знаме со српска тробојка со неговиот лик на него и пораката дека навивачите се секогаш со него.
– И кога нема да бидеш прв, и кога ќе се слушнат свирежите, и потоа, Ноле, знаеј дека те сакаме – стои на огромен транспарент што е истакнат спроти прозорецот на Новак Ѓоковиќ.
За жал, Новак не може да има никаква комуникација со навивачите, бидејќи прозорците на овој морничав хотел не можат да се отворат.
Србите биле и пред хотелот за време на Божик, кога Новак накратко се појавил на прозорецот и им го покажал со дланките срце и испратил бакнежи.
-Би му го дал мојот бубрег ако му треба – изјавил за „9Њуз“ еден од насобраните обожаватели на Новак.
Погледнете како изгледаше пред хотелот на Новак: