петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Српски селектор доби отказ на најчудниот можен начин

Српски селектор доби отказ на најчудниот можен начин

Миодраг Перуновиќ не остана долго на селекторското место на боксерската репрезентација на Србија, а начинот на кој легендарниот боксер добил отказ е навистина некоректен.

Веста за неговата смена Боксерскиот сојуз на Србија (БСС) ја објавил на Фејсбук, а 62-годишниот Перуновиќ останал шокиран.

„Неочекувано и некоректно“, кажал 62-годишниот Перуновиќ.

Поранешниот европски шампиони и светски вицешампион потпиша неодамна четиригодишен договор, а претседателот на БСС, Ненад Боровчанин го претстави на неверојатен начин.

„Целта на БСС и сите љубители на спортот во нашата земја е да имаме врвна репрезентација, која ќе доминира на светската бокс-сцена. Перуновиќ ќе има огромна поддршка од БСС на патот на создавање на нови боксерски шампиони“, кажа тогаш Боровчанин.

Следуваше и реакција од Перуновиќ, кој откри што му кажал Боровчанин.

„Боровчанин пред заминување на одмор ми кажа дека треба да разговараме и да видиме што ќе правиме во иднина. Да не нагласувам дека ме контактираше на крајот на минатата година и ми го понуди селекторското место, а притоа кажа дека сака да соработуваме на долг период и дека на почетокот не се очекуваат важни резултати“, кажа Перуновиќ.

Перуновиќ кажа и дека пред отказот имал непријатна СМС-порака со претседателот на БСС; која не сакаше да ја објави, зашто смета дека треба прво да разговара со него.