сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Стартен пораз на македонските одбојкарки на Балканското првенство за пионерки

Стартен пораз на македонските одбојкарки на Балканското првенство за пионерки

Македонската женска пионерска одбојкарска репрезентација загуби од фаворитот Турција со 3:0 (25:17, 25:14 и 26:24) во првото коло на Балканското првенство, кое почна во саботата во Србија.

Избраничките на селекторот Александар Митев, и покрај синоќешниот пораз, не разочараа со играта и покажаа дека имаат потенцијал за успешни настапи во продолжението на Балканијадата во Врњачка Бања.

-Игравме против една од најдобрите екипи на Балканијадата. Навистина сме задоволни од нашата игра, бевме многу блиску да освоиме сет, но среќата беше на нивна страна. Пред нас се нови натпревари, се надеваме на победи и пресреќни сме што настапуваме на Балканското првенство, изјави репрезентативката Ивана Милева.

Македонските одбојкарски денеска играат против Грција, а в понеделник против Црна Гора.