Македонската одбојкарска репрезентација со победа ја почна новата сезона во ЦЕВ Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје ја совладаа Босна и Херцеговина со 3-0 (25-16, 25-17, 25-23).
Во дебитантскиот натпревар на новиот селектор Ратко Павличевиќ, македонските одбојкари рутински ја забележаа првата победа во групата Б.
Неизвесност донесе само третиот сет во кој гостинските одбојкари водеа со 19-18, по што „црвено-жолтите“ повторно се вратија во ритам и забележаа максимална победа пред домашните гледачи во салата „Борис Трајковски“.
Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Романија на гостински терен, в сабота, по што следуваат двата натпревари против Албанија.
Во премиерниот натпревар од групата Б, Романија вчера триумфираше на гостински терен над Албанија со 3-1. (МИА)