среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Стартува ново боксерско натпреварување, Куманово претставник од Македонија

Стартува ново боксерско натпреварување, Куманово претставник од Македонија

Боксерскиот клуб Куманово 84 ќе биде дел од новоформираното натпреварување „Open Balkan Cup“, во кое учество ќе земат и претставници на Албанија и Србија. Во Белград на свечен настан беше претставено натпреварувањето кое стартува веќе овој викенд.

На собирот присуствуваше и првиот човек на БК Куманово – 84, Кристијан Андреевски, кој имаше и свое обраќање.

„Голема благодарност до нашите големи пријатели од Србија кои не поканија да учествуваме и бидеме домаќини во октомври .Ние како клуб како и досега ќе се потрудиме да бидеме одлични домаќини и се ќе направиме да имаме конкурентен тим кој достојно ќе ја претстави нашата држава во оваа ново натпреварување“, изјави Андреевски.

Македонскиот претставник ќе биде домаќин на деветти и десетти октомври.