Македонскиот репрезентативец Ставре Јада го освои последното место на трката на 10 километри на Светското првенство во биатлон што се одржува во Покљука.
Нашиот биатлонец во конкуренција на 104 натпреварувачи заврши последен со осум минути и 15 секунди послабо време од победникот Мартин Понсилума од Шведска.
Среброто му припадна на Симон Дестио од Франција, кој имаше за 12 секунди и 10 десеттинки заостанување зад победникот додека бронзениот медал го освои неговиот сонародник Емилиен Жаклелин.