четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Стојоски единствен македонски атлетичар на СП во Белград

Стојоски единствен македонски атлетичар на СП во Белград

Честа на македонската атлетика на Светското првенство во сала кое овој викенд ќе се одржи во Белград, ќе ја брани Јован Стојоски во трката на 400 метри.

Стојоски оваа година го подобри личниот и државниот рекорд, истрчувајќи 400 метри во време од 47.18 секунди, што беше најблиску до потребната норма за настап на завршниот турнир.

Стојоски ќе настапи во квалификациите на 400 м на 18 март, во 11.00 часот, во конкуренција на 29 атлетичари во оваа дисциплина.

На СП во Белград, од 18 до 20 март, пријавени за настап се вкупно 680 атлетичари од 137 држави, што е импозантна бројка во услови на пандемија на коронавирусот.