понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

СТОП за руските и белоруските тенисери на Вимблдон

СТОП за руските и белоруските тенисери на Вимблдон

Организаторите на Грен Слем турнирот Вимблдон се уште стојат на одлуката за за забраната за настап на руски и белоруски играчи како одговор на војната во Украина, и покрај тоа што тениските тела решија Вимблдон да не се бодува за АТП, ВТА и ИТФ листите.

Одлуката на Здружението на тениски професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ефективно го прави натпреварувањето своевиден егзибициски настан.

Сите три асоцијации им дозволија на руските и белоруски играчи да продолжат да играат на турнирите како неутрални, со забрането истакнување на национални знамиња и симболи.