Ураганот Отис го погоди тенискиот стадион Акапулко во Мексико. По тој повод се огласија и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Двајца тенисери испратија пораки со поддршка на социјалните мрежи.
-Тажно е да се видат сликите од уништувањето предизвикано од ураганот Отис, на место каде што сум играл толку многу пати. Храброст и сила за сите во Акапулко, напиша Надал.
View this post on Instagram
Мексиканската влада објави дека ураганот однел 27 животи и предизвикал огромна материјална штета.
Тежок удар доживеа и тенискиот комплекс во Акапулко каде се игра познатиот турнир од серијата АТП 500.
Ѓоковиќ никогаш не го освоил овој турнир, додека Надал има три титули.