четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Страв од коронавирус: Одложено СП во пинг понг

Страв од коронавирус: Одложено СП во пинг понг

Светското пингпонгарско првенство во пинг понг што беше закажано за наредниот месец во јужнокорејски Бусан е одложено поради опасност од ширење на коронавирус, сооопшти Светската пинг понг Федерација (ИТТФ).

Одлуката дојде по случаите на заразени со болеста во Бусан и донесена е на заеднички состанок меѓу градските власти и ИТТФ.

Екипното СП во пинг понг во Јужна Кореја требаше да се одржи од 22 до 29 март, а со најновата одлука е поместено во период од 21 до 28 јуни. (МИА)