Одбојкарите на Струмица Никоб се старо-нови шампиони во Купот на Македонија. Фаворитот ја оправда улогата и во финалето беше подобар од ГОК Борец од Велес.
Струмичани до посакуваниот успех дојдоа во три сета, кои ги добија со 25-7, 25-23 и 25-18. Во првиот сет Струмица Никоб покажа целосна доминација и загуби само седум поени, а во вториот, иако Борец имаше 19-21, фаворитот го сврти во своја корист.
Владо Милев кај победникот имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2. Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.