Публиката беше воодушевена од настапот на Шакира, која има 43 години, но уште повеќе се изненадија од настапот на Џенифер Лопез, која има 50 години.
Социјалните мрежи се преполни со коментари, па судејќи според нив, изведбата на двете латино диви го засенија натпреварот.
Канзас Сити ја освои титулата по поразот од Сан Франциско, а на финалето во Суперболот со едноминутен молк се одаде почит за сите загинати во несреќата на хеликоптерот на Коби Брајант.
Смртта на Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум животи кои ги однесе несреќата ги погоди сите, а НФЛ му оддаде почит на спортскиот херој.
Honoring Chris Doleman, Kobe and Gianna Bryant and those who lost their lives in last week’s accident.
Visit https://t.co/3KkUT4RsCg to bid on signed items. Proceeds will be donated to the Mamba Sports Academy. pic.twitter.com/3xieXbfN1f
— NFL (@NFL) February 2, 2020