вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Светскиот куп во скијачки скокови почнува порано поради Мундијалот во Катар

Светскиот куп во скијачки скокови почнува порано поради Мундијалот во Катар

Одборот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) за скијачки скокови на виртуелен состанок донесе одлука новата сезона да почне порано од вообичаеното и првите натпреварувања да се одржат на 6 и 7 ноември на скокалницата во полска Висла.

Оваа одлука мора формално да биде потврдено на Конгресот на ФИС што ќе биде одржан на 25 и 26 мај во Милано.

Сезоната со скијачки скокови вообичаено стартува дури на крајот на ноември, а причина за поместувањето на термините е годинешниот ран почеток на Светското фудбалско првенство во Катар, кое место традиционалниот јунски термин ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

– Моравме да го приспособиме календарот поради Светското фудбалско првенство кое ќе почне во ноември. Од тие причини сезоната ќе ја почнеме многу рано и ќе направиме кратка пауза по натпреварите во Висла и Руки, образложи директорот на ФИС за скијачки спортови Сандро Пертиле. (МИА)