Полската тенисерка Ига Свијатек и нејзината шпанска колешка Паула Бадоса ќе дебитираат идниот месец на ВТА завршниот турнир во Гвадалахара во Мексико, соопштија денеска организаторите.
Свијатек, која лани сензационално триумфираше на Ролан Гарос, сезонава стигна најмалку до четвртото коло на сите четири грен-слем турнири, а освои и два ВТА турнири.
Успешна сезона имаше и Бадоса, која ги освои титулите во Белград и Индијан Велс, а дојде до четвртфиналето на Ролан Гарос.
Сабаленка од Белорусија, Барбора Крејчикова и Каролина Плишкова од Чешка, како и Гркинката Марија Сакари обезбедија настап меѓу осумте најдобри тенисерки на завршницата во Гвадалахара, а за испразнетото место по повлекувањето на најдобрата светска тенисерка Е[Барти, се борат Тунижанката Орс Џабеури и Естонката Анет Контавеити.