недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Свитолина елиминирана од Лејла Фернандез

Свитолина елиминирана од Лејла Фернандез

Младата Лејла Ани Фернандез го живее сонот и ќе игра во полуфиналето на УС Опен, откако ја победи и Елина Свитолина со 2-1 во сетови.

19-годишната Канаѓанка продолжи во добро темпо, поведе со 6-3 и ја опомена поискусната ривалка. Петтата носителка на светот Свитолина врати со иста мера и израмни, ама Фернандез ја доби драмата во тај-брејкот на третиот сет со 7-5 користејќи ја првата меч топка.

Ривалка во полуфиналето ќе ѝ биде Арина Сабаленка, која ноќеска ја исфрли Барбора Крејчикова без загубен сет (2-0). На дуелот со Крејчикова, Сабаленка беше убедлива и со 6-1 и 6-4 за час и 28 минути дојде до победата.