четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Таа е женски Хулк – нејзините бицепси се застрашувачки: Има 160 килограми и е горда на својот изглед (ВИДЕО)

Таа е женски Хулк – нејзините бицепси се застрашувачки: Има 160 килограми и е горда на својот изглед (ВИДЕО)

Холандската бодибилдерка Џени Корн поради своите неверојатни трансформации станала исклучително популарна на социјалните мрежи.

Џеки, попозната како „She Hulk“ (жена Хулк), некогаш се занимавала со кик-бокс и имала 75 килограми. Сега е тешка неверојатни 160 килограми и е горда на своето тело.

Корн тренирала кикс-бокс, меѓутоа кога поради пандемијата биле стопирани сите натпревари одлучила да се посвети на бодибилдингот.

Од тогаш доживеала неверојатна трансформација. Таа добила застрашувачки мускули и се здебелила речиси 85 килограми.

„Сакам да донесам нешто ново на пазарот. Јас тоа го нарекувам заоблени мускули затоа што сакам да ги имам сите женски облини, но исто така сакам да направам мускули на здрав начин“, изјавила Џеки за „South West Service“.

Корн инаку е сопственик на компанија за обезбедување и вели дека отсекогаш била спортски тип.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie (@shehulk.jackie)

„Јас сум едно од шесте деца и цело семејство се занимава со спорт. Во младоста тренирав џудо, фудбал, пливање“, се присетила Корн.

„Доаѓам од добро семејство. Секогаш ме учеа дека доколку нешто сакам за тоа морам напорно да работам“, додала Џеки.

Таа истакнала дека таквиот став ја водел низ спортот со којшто се занимава денес.

„Работам многу напорно на градењето на светот тело. Се чувствувам моќно, огромно и многу добро. Се изградив низ добрата исхрана и константното вежбање. Храната и теговите се многу важни доколку сакате да имате мускули. Моментално внесувам по 2.200 калории дневно, а претходно по 3.200“, открила Џеки.

Многумина се згрозени од нејзиниот изглед, но тоа неа не ја интересира.

„Многумина ме нарекуваат дебела, но тоа не ме запира. Моите облини и мускули се направени на природен начин“, тврди женскиот Хулк.