Таеквоно клубот Бутел постои 11 години, основачи и тренери на овој клуб се браќата Борче и Дарко Костовски. Да потенцираме дека таеквондо е олимписки фулконтактен спорт со сериозна олимписка традиција, тоа само по себе значи пеколна конкуренција во овој спорт.
Клубот Бутел со своите репрезентативци има остварено голем број врвни спортски резултати меѓу кои:
Дејан Георгиевски освојувач на златен медал на сениорско европско првенство, два бронзени медали на европски првенства У21, сребрен медал на медитерански игри, голем број златни медали на светски Г1 купови и е три кратен балкански шампион.
Филип Додевски има освоено златен медал на сениорско европско клубско првенство, неколку медали од светски Г1 купови како и златен медал на балканско првенство.
Анамарија Георгиевска има бронзен медал од светско јуниорско првенство, неколку медали на светски Г1 купови и златен медал на балканско првенство.
Анамарија во 2018 година е прогласена за најдобра млада спортистка во Македонија. Дејан Георгиевски и Филип Додевски се стипендисти на Македонскиот Олимписки Комитет, со тоа и официјални македонски олимписки надежи.
Таеквондо клубот Бутел има освоено над 60 пехари на меѓународни турнири за високи клубски пласмани.
Клубот Бутел е успешна македонска спортска приказна, и доказ дека со минимални ресурси но со многу труд и откажувања може да се достојно да се спротиставуваме на светски веле олимписки сили. Врвната цел на Бутел е остварување на олимписка норма и секако медал од олимписки игри.