вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тајгер Вудс доживеа сообраќајна незгода (ВИДЕО)

Тајгер Вудс доживеа сообраќајна незгода (ВИДЕО)

Еден од најдобрите спортисти ма сите времиења голферот Тајгер Вудс заработил сериозни повреди во сообраќајна незгода и е итно хоспитализиран објавија американските медиумите.

Вудс имаше сериозен инцидент, во кој неговиот автомобил излетал од патот, а Вудс бил ослободен од внатрешноста дури по интервенцијата на пожарникарите.

Веднаш бил префрлен во болница во Лос Анџелес, а првичните информации се дека има повреди на нозете и итно е опериран.

Во инцидентот не учествувале други возила, а првите снимки од местото на настанот покажуваат дека автомобилот е сериозно оштетен и токму поради тоа било искомплициран и процесот на извлекување на повредениот голфер.

Информациите се потврдени од локалната полиција и од агентот на Вудс.