среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тајсон Фјури ќе заработи вистинско богатство од борбата против Усик

Тајсон Фјури ќе заработи вистинско богатство од борбата против Усик

Тајсон Фјури и Олександер Усик ќе се борат за титулата апсолутен светски првак во тешка категорија. По многу натегања и преговарања, Фјури се согласи да влезе во рингот со украинскиот боксер.

Борбата која треба да го даде апсолутниот првак ќе биде на 23 декември или во јануари следната година.

Популарниот Крал на Циганите долго време одбиваше да ги вкрсти ракавиците со Усик, велејќи дека таа борба за него не е атрактивна и дека нема да може многу да заработи.

Сепак, според промотерот Боб Арум, се очекува Фјури да заработи вистинско богатство само од овој меч.

„Ако пред Тајсон Фјури кажете дека ќе заработи 100 милиони долари, тој ќе се налути. Тој смета, а јас мислам дека е во право и дека ќе заработи многу повеќе од тоа. Веројатно сумата ќе дојде до 200 милиони долари“, вели Арум.