вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тајсон одби 18 милиони долари за една борба

Тајсон одби 18 милиони долари за една борба

Мајк Тајсон, поранешен шампион во бокс во тешка категорија, одбил 18 милиони долари за спектакуларна борба.

Според пишувањето на шпанскиот Марке , на Мајк Тајсон му биле понудени 18 милиони долари за една борба, но тој одбил. Тоа е за ММА борба  со славниот бразилски борец Вандерлеј Силва на “Bare Knuckle Fighting Championship“, што е организација каде што луѓето се борат со гола рака.

BKFC неодамна договори соработка со Вандерлеј Силва, поранешен борец во УФЦ и шампион на гордоста. На Силва му понудиле меч натпревар со Мајк Тајсон кој бразилецот со задоволство го прифати, но Тајсон не.

„Мајк се подготвува да изигра натпревар со ракавици“, изјави Рафаел Кордеиро, тренер на Мајк кој го подготвува за егзибициони  борби.

Тајсон има 53 години, но се чини дека е во фантастична форма.