Тениската репрезентација на Македонија во жени загуби од Португалија и не успеа да се избори за промоција во втората зона од „Били Џин Кинг“ Купот. Во финалниот меч од третата евро-африканска зона, на терените на ТК „Југ“ Португалците беа поуспешни со вкупни 2:1.
Португалките дојдоа до водство по триумфот на Матилга Жорге над Магдалена Стоилковска со 2-0 (7-6 и 6-3). Во вториот сингл, Лина Ѓорческа успеа да израмни совладувајќи ја Франциска Жорге со 2-0 (6-1, 6-1).
Мечот во двојки кој беше решавачки, по голема битка го добија Португалките. Го добија првиот сет со 6-4, потоа Македонија израмни со добиен гем од 4-6, за последниот да го добие Португалија со 6-4.