Разочарана сум од организацијата на овој завршен турнир, изјави чешката тенисерка Маркета Вондрушова по денешниот воведен натпревар на завршниот ВТА финален турнир во мексиканскиот град Канкун.
На турнирот на кој настапуваат осумте најдобри светски тенисерки, Вонрушова загуби в првиот настап од Ига Швјонтек од Полска (6-7, 0-6), а по поразот зборуваше исклучиво за неквалитетниот терен на кој се игра завршниот турнир во женска конкуренција,
„Стадионот очигледно не е подготвен за турнир на ова ниво. Но, ми се чини дека ВТА и не се грижи премногу за терените на кои мораме да играме. Толку многу се трудев цела година за да бидам што подобра. Сторив сè што е во моја моќ да обезбедам настап на овој турнир и кога прв пат во кариерата успеав во тоа, доживеав негативен шок. Разочарана сум, уште отсега ми е веќе мака од сè уште“, нагласи 24-годишната чешка тенисерка, кој претходно триумфираше на Вимблдон.
Ден претходно критики на состојбата на теренот и комплекс изнесе и Белорусинката Арина Сабаленка, која нагласи дека единствен виновник за тоа е ВТА, а не организаторите во Канкун, кои имаа краток рок за организација на турнирот по откажувањето на Саудиска Арабија.