вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Тестовите негативни: Одбојкарите комплетни патуваат за Финска

Тестовите негативни: Одбојкарите комплетни патуваат за Финска

Maкедонската одбојкарска репрезентација нема да има проблеми и во комплетен состав заминува за Финска каде што ќе настапи на Европското првенство.

Утрово беа направени ПЦР тестовите и на задоволство сите беа негативни, па така комплетни ќе патуваат на ЕП. Денес пред тргнувањето беше одработен и последниот тренинг.

На ЕП ќе играме во група со домаќинот Финска, Русија, Шпанија, Турција и Холандија. Групата е тешка, но сега имаме поголемо искуство од дебитантскиот настап пред две години.Европското првенство стартува на 1. септември.