Шпанскиот тенисер Рафаел Надал неодамна ја освои 21 Грен слем титула, а внимание во јавноста предизвика со скапиот часовник на неговата десна рака.
Тенисерот е фотографиран со познатиот часовник на брендот Richard Mille. Станува збор за моделот RM27-04, направен само во 50 примероци и вреден дури 1.05 милиони долари. Надал е ексклузивен амбасадор на овој бренд цели 12 години, па не е чудно што го носи овој часовник, тежок 30 грама.
Rafael Nadal just became the only man in tennis history to win 21 Grand Slams, and he did it while wearing a $1.05 million Richard Mille watch 🔥 pic.twitter.com/sz1Jop1nTv
— Joe Pompliano (@JoePompliano) January 30, 2022
„Имаше прилагодувања на почетокот, моравме да соработуваме за да биде часовникот прилагоден на мојот зглоб, а сега стана дел од мојата кожа. Чувството е како да немате ништо на себе“, изјави во една прилика тенисерот.
Winning the #AusOpen prize: $2.875 million
Price of @Richard_Mille watch: $1.05 million
Becoming the Tennis 🐐: Priceless
Bravo Rafael Nadal 🇪🇸
h/t @JoePompliano pic.twitter.com/OQbIeLSiEz
— Beauhemian Sports (@BeauhemianSport) January 30, 2022
Надал го носеше часовникот и на Ролан Гарос минатата година. Часовникот е изработен специјално за него во 2020 година, во чест на десетгодишната соработка меѓу швајцарскиот бренд на часовници и Надал.