петок, 29. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

The Sun: Ѓоковиќ се разведува

The Sun: Ѓоковиќ се разведува

Британското списание „The Sun“ пишува дека бракот на најдобриот тенисер на светот има проблеми. Англичаните во текот на Вимблдон го покажаа своето вистинско лице кога станува збор за Новак Ѓоковиќ така што на конференцијата за медиумите жестоко го нападнаа дека навивачите на теренот бурно навивале за неговиот противник.

Тој на тоа им одговорил со бруталното издание во финалето против Роџер Федерер, по кое ја освои својата 5-та вимблдонска титула, а вкупно 16 грен слемови.

Но, Британците не планираат да запрат тука, туку тие продолжуваат со ударите кон Новак Ѓоковиќ и неговото семејство и по завршувањето на Вимблдон.

Тие повторно пишуваат за “проблемите“ во неговиот брак со Јелена, а главниот аргумент им е тоа што Јелена не присуствуваше на финалето на Вимблдон.