среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Титула за Лина Ѓорческа на фјучерс во Србија

Титула за Лина Ѓорческа на фјучерс во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерсот во Куршумлиска бања, откако денеска во финалето ја совлада Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Ова е прва титула за Ѓорческа оваа година во нејзиното четврто финале. Претходно македонската тенисерка претрпе порази во финалните дуели на фјучерсите во Талин, Осиек и Куршумлиска бања.

Ѓорческа со денешниот триумф на турнирот во Србија ја освои 13. титула во поединечна конкуренција.

Последен пат триумфираше во ноември лани на фјучерс во Грција.